- Левиот бек Хасан Кадах се раздели со полскиот Келце и во наредните две и пол сезони ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата во татковината во дресот на Замалек. Кадах беше прогласен за МВП на Мундијалот за кадети во Скопје во 2019 година.
- Левото крило на холандската репрезентација, Бо Ван Ветеринг, ќе остане во европскиот првак Ѓер до 2028 година. Таа дојде во Ѓер во 2024 година и веќе во првата сезона му помогна на клубот да освои титула.
- Некогашниот тренер на Вардар, Еурофарм Пелистер, Кометал Ѓорче Петров…и екс селектор на Македонија, Касим Каменица, не е повеќе тренер на босанскиот клуб Горажде, поради слабиот старт на сезоната.
- Левото крило на норвешката репрезентација, Сана Солберг Исаксон, која во моментов е на пауза поради бременост, потпиша нов договор со данскиот Есбјерг и ќе остане во екипата по камбекот најмалку до 2028 година.























