- Репрезентативниот чувар на мрежата на Португалија, Густаво Капдевил, на лето ќе си замине со Бенфика и ќе се пресели во Скандинавија. Тој се договори за трансфер во данскиот Холстебро.
- Левиот бек на бразилската репрезентација, Кели Роса, заминува од Дунајварош поради финансиските проблеми и кариерата ќе ја продолжи во германскиот тим Турингер.
- Српскиот репрезентативен кружен напаѓач Марко Јевтиќ ќе остане во некогашниот европски првак Бидасоа Ирун. Шпанскиот состав објави дека е продолжена соработката со Јевтиќ до 2028 година.
- Тимот на Рапид Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, го продолжи договорот со левиот бек Џаз Шамбертен и за наредната сезона, отако Французинката остави добар впечаток по доаѓањето од Мец.
- Словенечкиот репрезентативец Домен Новак го продолжи договорот на уште пет сезони со бундеслигашот Фленсбург. Тој дојде во 2024 година од Вецлар и оставви одличен впечаток што беше доволно за нова соработка до 2031 година.

























