ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Моравски го засилува Келце, Ристовска добива нов тренер, Шкуринскиј верен на Мешков

  • Шпанскиот стратег Карлос Вивер би можел да се врати на кормилото на Рапид Букурешт каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, пишува „handballmania“. Вивер би го заменил Давид Гинеста.
  • Рускиот лев бек Александар Шкуринскиј ја продолжи верноста кон белорускиот првак Мешков Брест за уште една сезона. Тој се врати во клубот каде што настапуваше пред францускиот Нант и одново стана лидер.
  • Полскиот репрезентативен голман Адам Моравски, кој во моментов настапува за германскиот Мелсунген, би можел да го засили тимот на Келце, пишува „ТВП Спорт“. Пред да замине во Германија, Моравски бранеше во Висла Плоцк.
  • Данската репрезентативна голманка Алтеа Рајнхарт нема да ја менува средината и ќе остане во тимот на Оденсе најмалку до 2028 година, откако потпиша нов договор на три сезони.
  • Средниот бек Лука Вицке, кој во моментов е дел од Лајпциг, е на мета на Фленсбург, кој во германскиот репрезентативец гледа замена за Јим Готфридсон, кој на лето се сели во ПИК Сегед.