ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мерк во Есбјерг до 2028, Мелсунген го задржа „тепачот“, Хоксер верен на Алборг

  • Норвешката репрезентативка Нора Мерк ја продолжи соработката со данскиот тим Есбјерг за уште две сезони и ќе остане во овој клуб најмалку до 2028 година. Таа неодамна се врати на теренот откако стана мајка.
  • Дефанзивецот на Мелсунген, Адријан Сипос, ќе остане во тимот на Роберто Гарсија Парондо и во наредните две сезони, откако ја продолжи соработката до 2028. Со ова бундеслигашот го задржува главниот столб во одбраната.
  • Еден од најдобрите млади дански ракометари, Макс Хоксер, ќе остане во шампионот Алборг на долг рок. Замената на Гидсел во националниот тим ја продолжи соработката со данскиот првак до 2030 година.
  • Голманот Петар Јоханесен, кој игра за данскиот ГОГ Гудме, се враќа во татковината и ќе го чува голот на Савехоф. Тој потпиша договор на три сезони со Савехоф и ќе остане во овој клуб најмалку до 2029 година.