- Францускиот лев бек Ноа Годен, според данските медиуми би требало да биде медикал-џокер во тимот на ПСЖ и да го замени Данецот Јакоб Холм во францускиот шампион.
- Местото на Годен во данскиот Скјерн би можел да го пополни Мадс Менса Ларсен, кој е на излезна врата од Фленсбург. Иако данскиот репрезентативец има договор до 2026 година, сепак би можел да си замине од Германија.
- Полската репрезентативна голманка Андријана Плачек, по многу години во Франција бранејќи за Ница и Париз, се сели во унгарскиот Дебрецин и ќе биде дел од новата сезона во Лигата на шампионите.
- Според „betnews“ белорускиот вицепрвак Мешков Брест го пикира Николај Аљокин, кој минатите две сезони беше дел од романската Констанца. Аљокин пред да се пресели во Романија играше токму за Мешков Брест.




