- Шпанскиот кружен напаѓач Рубен Марчан од претстојното лето ќе ги брани боите на бундеслигашот Мелсунген. Марчан не добиваше премногу прилика во ПСЖ, па реши да ја побара среќата на друго место, но одново ќе соработува со шпански стратег.
- ЦСКА Москва ја продолжи соработката со триото бекови – Карина Сабирова, Наталија Чигиринова и Јулија Гарјаева и за наредната сезона. ЦСКА славеше кај Ростов Дон во првиот меч од финалето и има меч-топка на домашен терен да ја одбрани титулата.
- Еден од најдобрите ракометари во моментов, Омар Инги Магнусон останува верен на Магдебург и ќе остане во клубот најмалку до 2028 година. Неговиот актуелен договор истекуваше во 2026, но бундеслигашот не сакаше да остави ништо на случајот и го врза уште две сезони.
- Германскиот Фуксе Берлин, кој се бори за титулата во Бундес лигата, посакува да го ангажира средниот бек Тобијас Грондал од данскиот ГОГ Гудме. Норвежанецот лани го засили ГОГ од Елверум, па ако Фуксе сака да го ангажира ќе мора да плати оштета.




