ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мец го врза Мајонад, европскиот првак на шопинг во Франција

  • Романската Глорија Бистрица донесе две голманки во пакет од големиот ривал ЧСМ Букурешт – шведската репрезентативка Евелина Ериксон и романската репрезентативка Дачијана Хосу, а двете потпишаа до 2028 година.
  • Актуелниот тренер на францускиот шампион Мец, Емануел Мајонад, го продолжи договорот со клубот и за наредната сезона, па ќе остане до 2027 година и ќе комплетира 12 сезони.
  • Амбициозната Глорија Бистрица се засили со трио ракометарки – средниот бек од Ангола – Хелена Пауло, левото крило од Чешка – Вероника Мала, како и средниот бек од Австрија – Јохана Рајхерт.
  • Француската репрезентативка Сара Букти ќе го има своето прво интернационално искуство. Иако имаше активен договор со Мец, сепак ќе замине година порано, откако потпиша за европскиот шампион Ѓер.
  • Мец најде замена за Букти и ја донесе шпанската репрезентативка Линди Чапчет на пивотменската позиција, нов договор потпиша Сузана Вајока, а од Ѓер се враќа данската интернационалка Кристина Јоргенсен и ќе остане до 2028 година.