ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Лукач и Блом верни на Ѓер, Веспрем купува пивот, Мамиќ продолжи со Лајпциг

  • Европскиот шампион Ѓер договори продолжување на соработката со две од клучните ракометарки. Шведскиот пивот Лин Блом потпиша договор на 2+1 и ќе остане најмалку до 2027, додека унгарското десно крило Викторија Лукач се обврза да остане до 2028 година.
  • Унгарскиот гигант Веспрем се интересира за уште еден египетски репрезентативец. По ангажманот на Ахмед Хешам, Веспрем посакува во своите редови да го види Ахмед Адел, пивотот на Ал Ахли, кој би требало да потпише договор на една сезона.
  • Левиот бек на Хрватска, Марко Мамиќ, го продолжи договорот со бундеслигашот Лајпциг за уште две сезони. Мамиќ ќе остане во германскиот клуб најмалку до 2027 година и ќе комплетира осум години во истиот тим.
  • Данскиот чувар на мрежата Симон Гаде, по одличните партии за бундеслигашот Хановер, ќе остане уште две сезони во тимот што е во конкуренција за титула, откако ја продолжи соработката до 2027 година.
  • По заминувањето на Бент Дал од клупата на романската Валчеа, на неговото место седнува досегашниот негов асистент Расмус Поулсен, кој има работено во Виборг, Сковде, Холстебро, Ајакс Копенхаген…