- Норвешкиот првак Колстад се засили со левиот бек Томас Бојлесен, кој потпиша договор до крајот на сезоната. 25-годишниот бек беше ангажиран од данскиот тим Холстебро поради многуте повредени ракометари кои се надвор од стројот.
- Данскиот плејмејкер Надиа Офендал од лето ќе има нов клуб во францускиот шампионат. Дресот на Шамбре Турен таа ќе го замени со оној на Дижон, со кој потпиша договор до 2026 година.
- Гумерсбах до крајот на сезоната ќе смета на услугите на десниот бек Арнор Оскарсон, кој доаѓа на позајмица од Рајн Некар Левен. Исланѓанецот не добиваше минутажа кај „лавовите“, па ќе игра во клубот предводен од Гудјон Валур Сигурдсон.
- Португалскиот репрезентативец Алешандре Калваканти од лето ќе ги брани боите на бундеслигашот Мелсунген со кој потпиша до 2026 година. Левиот бек, кој во моментов е член на Нант, се поврзуваше со ПСЖ, но тој трансфер не се реализира.
- Десниот бек Никола Грубиќ, кој во минатото беше член на Охрид, има четврти клуб во последните две сезони. По настапите за Охрид, Диферданж од Луксембург, како и Црвена Ѕвезда, тој се пресели во босанскиот тим Слобода Тузла.