ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кил купи „фараон“, Дмитриева во ЧСМ Букурешт, Бергеруд на радарот на Фуксе

  • Руската репрезентативка Дарија Дмитриева по две сезони на лето ќе си замине од унгарскиот Ференцварош и ќе се пресели во Романија. Според „ГСП“, Дмитриева во наредните две сезони ќе игра за шампионот ЧСМ Букурешт.
  • Норвешкиот репрезентативен голман Торнбјорн Бергеруд, кој од оваа сезона брани за полскиот првак Висла Плоцк, е на радарот на германскиот Фуксе Берлин, кој ќе остане без Дејан Милосављев на лето.
  • Некогашниот десен бек на Металург, Војислав Брајовиќ, по одличните партии во унгарскиот Чурго, доби нов договор со клубот предводен од Алем Тоскиќ и ќе остане најмалку до 2028 година.
  • По повредата на Емил Мадсен, тимот на Кил донесе нов десен бек до крајот на сезоната. Станува збор за египетскиот интернационалец, Мохаб Абделхак, кој доаѓа од францускиот Ним.