- Левиот бек на австриската репрезентација Никола Билик го продолжи договорот со германскиот шампион за уште две сезони и ќе го носи дресот на „зебрите“ најмалку до 2026 година.
- Еден од најдобрите светски дефанзивци Хенрик Молгард, ќе го продолжи договорот со дрим-тимот на Алборг. 38-годишниот Молгард, кој може да игра и во нападот настапува во Алборг од 2018 година по камбекот од ПСЖ.
- Словенечкиот шампион Целје објави дека е потпишан професионален договор со десниот бек Маи Маргуч до 2028 година. 17-годишниот полубрат на Гал и Гашпер, веќе дебитираше за првиот тим на Целје по повредата на Млакар.
- Некогашниот селектор на женската репрезентација на Унгарија, како и тренер на Шиофок и Ѓер, Габор Дани, ќе води машка екипа, а станува збор за тимот на Фехер Веспрем.
- Француската репрезентативка Осеан Серсиен Уголен, заминува на лето од норвешкиот и европски првак Вајперс Кристијансанд и ќе го носи дресот на Дебрецин. Таа договори соработка со унгарскиот клуб до 2026 година.
- Легендарниот дански плејмејкер Мортен Олсен, кој пред неколку дена се раздели со шампионот ГОГ Гудме, потпиша договор со тимот на Бјерингбро Силкеборг до 2025 година.