- Шпанскиот репрезентативен голман Сергеј Ернандез, го напушта Магдебург на лето и во иднина ќе брани за Барса. Каталонскиот гигант го промовираше Ернандез, кој се обврза на верност до 2029 година.
- Средниот бек на Алборг, Томас Арнолдсен ќe остане во данскиот првак најмалку до 2029 година. Тој имаше активен договор до 2028 година, но одличните игри беа причина за продолжување на соработката.
- Селекторот на машката репрезентација на Литванија, Гинтарас Савукинас, ќе има и клупски ангажман во иднина. Савукинас кој своевремено беше тренер на Мотор Запорожје оваа сезона ќе го води составот на Сјундеа од Финска.
- Швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен најде замена за Кристијан Пилиповиќ во голманот на Берн, младиот 21-годишен Матје Серавали. Тој ќе дојде во летото 2026 година, а во меѓувреме Кадетен до крајот на сезоната го ангажира Морено Цар од Пореч.

























