ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Jeнсен „лав“ до 2028, Бристол продолжи со Ѓер, Порто на шопинг во Загреб

  • Норвешката репрезентативка Кристина Бристол, една од клучните ракометарки во дефанзивата на европскиот првак Ѓер, ја продолжи соработката за уште една сезона и ќе остане до 2027 година.
  • Доскорешниот голман на Загреб, Анте Грбавац, ќе биде на позајмица во португалскиот вицепрвак Порто до крајот на сезоната како замена за повредениот чувар на мрежата Диого Рема.
  • Српскиот стратег Бојан Жупањац го продолжи договорот со финскиот тим Рихимаки Кокс за уште една сезона и ќе остане да го води некогашниот учесник во Лигата на шампионите до 2027 година.
  • Данскиот чувар на мрежата Мајк Јенсен, кој по доаѓањето од Веспрем во Рајн Некар Левен пружи одлични партии, ја продолжи соработката со „лавовите“ и ќе остане да го брани голот до 2028 година.
  • Капитенката на Подравка, Сара Шенвалд останува верна на хрватскиот првак Подравка уште една сезона, откако кружниот напаѓач го продолжи договорот до 2027 година.