ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Гебала се сели во Кувајт, Ивиќ во АЕК, Н’танзи го избра Ал Араби

  • По долги години настапи за полскиот гигант Келце, Томаш Гебала ќе има нов предизвик и ќе се пресели во богатиот Кувајт Спорт, каде што веќе потпишаа Владан Липовина и Виктор Итуриза.
  • Францускиот плејмејкер Саду Н’Taнзи заминува од унгарската Татабања и ќе настапува за катарскиот Ал Араби, со кој потпиша договор на три сезони. Претходно средниот бек играше за ПСЖ.
  • Десниот бек Шиме Ивиќ во новата сезона ќе ги брани боите на грчкиот вицепрвак АЕК Атина. Тој доаѓа од францускиот Лимож, а претходно играше за Нант, Екс Ан Прованс, Лајпциг, Мешков Брест, Целје, Нексе, Ерланген, Висла Плоцк…
  • Словачкиот првак Татран Прешов го дополни ростерот за претстојната сезона со кружниот напаѓач Филип Јуркович. 22-годишниот пивот претходно настапуваше за Слован Модра, а сега потпиша договор на три сезони со Татран.
  • Данскиот ветеран Јаник Грин ја започна последната сезона во францускиот гигант ПСЖ. Чуварот на мрежата идното лето се враќа во татковината и ќе ги брани боите на Хој, тим во кој во моментов играат Ване, Линдберг, Климпке…