ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Гебала има нов клуб, Колстад задржа уште двајца, Вецлар донесе млад Унгарец

  • Кружниот напаѓач на Лајпциг и на полската репрезентација, Мачеј Гебала, ќе има нов предизвик во кариерата. Тој потпиша за Ерланген, каде ќе игра со Калифа Гедбан, кој исто така на лето оди во Бундес лигата.
  • Норвешкиот шампион Колстад задржа уште двајца од репрезентативците. По Сагосен и Бергеруд, Колстад ги продолжи договорите со Горан Јоханесен и Магнус Гулеруд до 2027, односно до 2028 година.
  • Рускиот репрезентативен голман Виктор Киреев, на лето заминува од бундеслигашот Фуксе Берлин по две сезони, а голманското дуо во тимот на „лисиците“ ќе го сочинуваат Дејан Милосављев и Ласе Лудвиг.
  • Младиот унгарски репрезентативец Жолт Краковски потпиша за бундеслигашот Вецлар договор на две сезони. Тој доаѓа од тимот на НЕКА, каде играат млади унгарски ракометари и ќе остане во Вецлар до 2026 година.