- Кружниот напаѓач Беатрис Едвиж по заминувањето од унгарскиот Ференцварош имаше кратка пауза од ракометните терени, но се реактивира за кратко време и потпиша до крајот на оваа сезона со данскиот Икаст.
- Поранешниот босански репрезентативец Сењамин Буриќ и натаму ќе ги брани боите на данскиот Скјерн, откако се обврза на верност на уште една сезона и активниот договор го продолжи до 2027 година.
- Левото крило на германската репрезентација и на Фуксе Берлин, Тим Фрајхофер, ќе остане на долг рок „лисица“. Тој ја продолжи соработката со бундес шампионот до 2029 година.
- Десниот бек на чешката репрезентација и Ал Араби, Станислав Кашпарек, на кратко ќе заигра за египетскиот Ал Ахли за време на светското клупско првенство кое стартува во петок во Египет.




