ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Фленсбург го бара Макуц, Паласич се враќа дома, Динар доби отказ

  • Босанскиот репрезентативец Мислав Гргиќ заминува од хрватскиот вицепрва Нексе Нашице по една и пол сезона и ќе се пресели во Унгарија. Таму ќе ги брани боите на тимот на Ѓер.
  • Бундеслигашот Фленсбург „фрли око“ на средниот бек на Целје и помал брат на Домен Макуц, Андраж. По одличните партии на ЕП во дресот на Словенија, Андраж Макуц го сврте вниманието кон себе.
  • Голманот на Мелсунген и унгарската репрезентација, Криштоф Паласич, би можел да се врати во татковината. За него интерес покажа ПИК Сегед, кој останува без Миклер и Тулин, а треба да ги замени со Портнер и Паласич.
  • Францускиот стратег Дидие Динар доби отказ од Иври, иако тој одамна не беше на клупата на клубот и земаше „боледување“ на неодредено време, па Иври го водеше неговиот асистент во тоа време.