- Некогашниот голман на Вардар, Робин Кантегрел, и понатаму ќе продолжи да брани во Германија. Францускиот чувар на мрежата потпиша нов договор со Елбфлоренц Дрезден до 2028 година.
- Тимот на Мелсунген, каде тренер е Роберто Гарсија Парондо, за наредната сезона го бара десното крило Филип Главаш. Хрватскиот репрезентативец беше поврзуван со Фленсбург, но таму Словенецот Новак потпиша договор до 2031 година.
- Полската репрезентативка Александра Олек го засили хрватскиот првак Подравка во јануари и ќе му биде на располагање на Ивица Обрван во пролетниот дел од сезоната. Таа доаѓа од романската Дунареа Браила.
- Левиот бек Емили Арнцен по една сезона во данскиот Икаст, ќе се врати во романскиот ракомет каде играше за ЧСМ Букурешт. Арнцен потпиша со Олчим Валчеа до 2028 година.


























