ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Дебоне во Монпелје до 2030, Санталов во ЦСКА, Хутечек верен на Лемго

  • Голманот на Монпелје и француската репрезентација, Реми Дебоне, го продолжи договорот со неговиот актуелен тим за уште четири сезони и ќе остане таму најмалку до 2030 година.
  • Левиот бек Дмитри Санталов, кој своевремено требаше да дојде во Вардар, има нов предизвик во кариерата. Од Чеховски Медведи се пресели во ЦСКА Москва, што ќе биде втор руски клуб за него, откако две сезони мина и во Мешков Брест.
  • Бундеслигашот Лемго ги продолжи соработките со двата бека Лукаш Хутечек и Нилс Верстеијнен за уште две сезони, па тие ќе останат во овој клуб најмалку до 2028 година.
  • Средниот бек на Литванија, Аиденас Малашинскас и во новата сезона ќе настапува во романскиот шампионат. По две години во Бузау, искусниот плејмејкер ја смени средината и ќе настапува за Васлуи.