- Словенечкиот репрезентативец Блаж Благотиншек ја продолжи соработката за уште три сезони и ќе остане во тимот на Фленсбург најмалку до 2028 година. Таму тренер е Словенецот Алеш Пајовиќ.
- По една сезона во полскиот првак Висла Плоцк, Тим Цокан се врати во татковината и ќе го облече дресот на новиот словенечки шампион Слован Љубљана. Иако имаше активен договор со Висла, сепак двете страни решија да се разделат.
- Словачкиот првак Татран Прешов по црногорскиот голман Данило Михаљевиќ се договори и со белорускиот кружен напаѓач Алексеј Ушал. 35-годишниот Ушал доаѓа со искуство од Татабања, Орошази, Бакау…
- Претстојната сезона ќе биде последната во дресот на Фленсбург за данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен. Актуелниот договор истекува летото 2026 година и најавата е дека двете страни нема да ја продолжат соработката.




