ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бенфика донесе шпански пивот, Белгија смени селектор, Jауковиќ си оди Будуќност

  • Тимот на Бенфика промовираше уште едно засилување за новата сезона. Станува збор за младиот пивот Алдо Паљота, кој има 17 години, доаѓа од Адемар Леон и ќе му биде соиграч на Филип Талески.
  • Актуелниот тренер на францускиот Трембле, Шериф Хамани е нов селектор на машката репрезентација на Белгија. Тој доаѓа на местото на Јерим Сила и ќе има задача да се пласира на ЕП 2026 година.
  • Францускиот Тулуз го ангажираше тунискиот голман Јасин Белкаид, кој доаѓа од швајцарскиот Криенс Луцерн и потпиша договор на една сезона. Тунижанецот претходно бранеше за Целје и Спортинг Лисабон.
  • По Русинката Валерија Кирдашева, која без да заигра го раскина договорот со Будуќност, поради лошата ситуација во клубот заминува и Ѓурѓина Јауковиќ. Левиот бек во најскоро време ќе биде промовирана како членка на европски „топ тим“, како што објави црногорската „Побједа“.