ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Баруфет во Барса до 2029, Сердио верен на Висла, Веспрем го задржа Адел

  • Пикерот на египетската репрезентација, Ахмед Адел, по освојувањето на титулата на Африканското првенство, го продолжи договорот со унгарскиот гигант Веспрем и ќе остане таму најмалку до 2027 година.
  • Шпанскиот репрезентативец Абел Сердио, ја продолжи соработката со полскиот првак Висла Плоцк за уште две сезони и ќе остане во клубот предводен од Чави Сабате најмалку до 2028 година.
  • Српскиот бек Боривоје Ѓукиќ е најновото засилување за словачкиот првак Татран Прешов, а доаѓа од Асобал лигата од Пуенте Хенил. Од Татран заминаа десниот бек Саво Славуљица и пикерот Лукас Барос.
  • Левото крило Давид Баруфет стави потпис на нов договор со каталонскиот гигант Барселона за уште две години и по враќањето од Бундес лигата, ќе го продолжи својот престој во „Блауграна“ до 2029 година.