- Францускиот Брест Бретањ објави дека од лето нивна ракометарка ќе биде Аника Лот. Десниот бек на германскиот Турингер минатата сезона беше најдобар стрелец во Лигата на Европа. Таа ќе биде нова конкуренција на Ива Младеновска, која исто така е дел од Брест Бретањ.
- Австриската легенда Роберт Вебер по 15 години се враќа во татковината. По настапите за Фуксе Берлин, претходно и Олимпијакос, Вебер ќе биде дел од Барнбах, клуб кој е предводен од Словенецот Лука Жвижеј. Десното крило играше и за Балинген, Магдебург, Нордхорн…
- Бундеслигашот Лемго објави за новиот договор со словенечкиот репрезентативен чувар на мрежата, Урх Кастелиц. Тој потпиша договор до 2026 година, а во Лемго брани од 2022 година. Претходно беше дел од Гепинген, како и хрватскиот првак Загреб.
- Тимот на Фленсбург, кој има лош старт на сезоната во Бундес лигата, објави дека е продолжена соработката со левото крило Аугуст Педерсен. Норвешкиот интернационалец потпиша договор до 2025 година, а во моментов ја игра втората негова сезона.