- Некогашниот среден бек на Металург и несуден вардарец, Божо Анѓелиќ, во новата сезона ќе настапува за израелскиот Макаби Тел Авив. Црногорецот во кариерата беше дел од Ловќен, Мотор Запорожје, Ференцварош…
- Според „RTHandball“, покрај Алекс Влах, полскиот Келце е заинтересиран во своите редови да го види и средниот бек од Веспрем, Аугустин Касадо. Шпанскиот плејмејкер има договор до 2025 година.
- Десниот бек Саво Сљавулица, кој до летото го носеше дресот на грчкиот првак Олимпијакос, во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на ПАОК Солун и ќе им стане соиграч на Виктор Гигов и Дарко Георгиевски.
- Исландската легенда Гудјон Валур Сигурдсон ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах до 2027 година. Сигурдсон бележи одлични резултати со германскиот тим и раководство му понуди соработка на уште две сезони.