ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Алборг го промовира Мартинс, Барса со прво засилување, Хумет се пресели во Катар

  • Трансферот на Мигел Мартинс во Алборг што го најави 24Ракомет, доби своја официјализација. Португалскиот среден бек по заминувањето од ПИК Сегед потпиша договор на две сезони со данскиот првак.
  • Шпанскиот и европски шампион Барселона го договори првото засилување за наредната сезона. Станува збор за повратникот од Ла Риоха, Хуан Паломино – лев бек што има 22 години.
  • Десниот бек Хавиер Хумет, по долго време замина од романскиот првак Динамо Букурешт и во новата сезона ќе ги брани боите на Ал Рајан од Катар. Хумет има шпански и романски пасош, но во последно време не игра за Романија.
  • Десниот бек од Естонија, Денер Јанима, по три сезони минати во Јапонија во составот на Феникс Даидо Стил, ќе се пресели во шампионатот на Кувајт и ќе настапува за Ал Сулаибикат.
  • Египетскиот чувар на мрежата, Мохамед Ел Тајар, од лето ќе има нов бундеслигашки предизвик. По настапите за Лајпицг и Балинген, Ел Тајар кој потекнува од Ал Ахли ќе го брани голот на Хамбург.