- Унгарецот Алекс Богнар стана првиот играч кој во наредната сезона ќе ги засили редовите на Целје Пивоварна Лашко. Средниот бек доаѓа од унгарскиот Ференцварош, каде сезонава е еден од најдобрите стрелци.
- Грчкиот шампион АЕК Атина донесе уште едно засилување за продолжението од сезоната. Станува за францускиот десен бек Насим Беласен, кој потекнува од Монпелје, а во меѓувреме играше за Маси и Фронтињан.
- Чешкиот репрезентативец Степан Земан ја продолжи соработката со бундеслигашот Гумерсбах и ќе игра во тимот предводен од исландскиот стратег Гудјон Валур Сигурдсон најмалку до 2026 година.
- Францускиот лев бек Калиаду Ниакате на крајот од сезоната заминува од црногорскиот првак Будуќност и ќе се врати во татковината. Таа потпиша за тимот на Нант и ќе биде замена за Тамара Хорачек.
- Белорускиот првак Мешков Брест го задржа најдобриот стрелец во историјата на клубот, Максим Баранов. Десното крило скоро целата кариера игра за Мешков, со исклучок на две сезони во романскиот Одорхеи.