Трансфер бомбата активирана – Степанчиќ ја засили Висла Плоцк

Полскиот шампион Висла Плоцк го потврди доаѓањето на искусниот Лука Степанчиќ, кој во тимот на Хавиер Сабате ја остане најмалку шест месеци.

Десниот бек во Висла Плоцк ќе ја зголеми хрватската колонија и ќе биде четвртиот Хрват по Мирко Алиловиќ, Леон Шушња и Ловро Михиќ.

Степанчиќ летоска беше поврзуван со трансфер во Келце, но тој трансфер не се реализира, па Талант Душебаев се реши за својот сонародник Хорхе Македа.

Хрватскиот десен бек во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на Ал Араби од Кувајт, па за кратко време се враќа на европско тло и повторно ќе игра во Лигата на шампионите.

Степанчиќ во својата кариера  настапуваше за Загреб, беше дел и од ПСЖ и ПИК Сегед. Со репрезентацијата на Хрватска освои бронзен медал на Светското првенство 2013 и сребро на континенталниот собир во 2020.