Десниот бек Јуре Доленец по кратката авантура во хрватскиот Нексе Нашице, ќе се врати во татковината.
Тој потпиша договор со амбициозниот Слован Љубљана, чиј тренер е актуелниот селектор на Словенија, Урош Зорман.
Доленец беше дел од националниот тим на тековното СП, но реши да ја заврши репрезентативната кариера и да се посвети само на клупската.
Десниот бек потекнува од Шкофја Лока, беше дел од Горење, пред да замине во Монпелје каде мина четири сезони, исто толку играше и во Барселона, а во францускиот Лимож настапуваше три сезони, пред лани летото да се врати на Балканот.