Најдобриот грузиски репрезентативец Гиорги Сковребадзе, би моќел да биде големо засилување за новиот словенечки проект, Слован Љубљана.
Според пишувањата на „Handballia“, десниот бек е на чекор до трансфер во словенечкиот шампион предводен од Урош Зорман.
Сковребадзе го заврши двегодишниот престој во бундеслигашот Гумерсбах и сега е слободен во изборот на новата средина.
Тој претходно играше четири сезони за францускиот Монпелје, а една сезона мина во швајцарскиот Винтертур.
Слован Љубљана аплицираше за вајлд-карта за ЛШ, но не ја доби па ќе игра во Лигата на Европа, а најголемото летно засилување е средниот бек Сташ Скубе.