Трансфер бомба во Сесвете – со Мариќ во битки со Загреб и Нексе

Тимот на Сесвете донесе големо засилување за пролетниот дел од сезоната и плеј-оф битките со Загреб и Нексе Нашице.

Според пишувањата на РТЛ, некогашниот хрватски репрезентативец Марино Мариќ е нов играч на Сесвете, кој сезонава играше и во Лигата на Европа.

Мариќ по настапите во Бундес лигата се враќа во татковината и ќе се обиде да и помогне на екипата на Игор Вори во плеј-офот.

Кружниот напаѓач по осум сезони минати во Мелсунген, една во Лајпциг и две во Штутгарт, реши да биде поблиску до дома.

Освен за бундеслигашите, Мариќ кој потекнува од Зрињски, настапуваше за Загреб и словенечкиот Марибор.