Шведскиот репрезентативен голман Андреас Паличка на лето заминува од францускиот ПСЖ по две сезони и ќе се пресели во Скандинавија.
Тој потпиша договор на две сезони со норвешкиот шампион Колстад и ќе го замени Торнбјорн Бергеруд, кој се сели во Висла Плоцк.
Паличка потекнува од Редбергслидс, каде играше до 2008 година, а потоа седум сезони бранеше во Кил.
Во 2015 година замина во данскиот Алборг, но таму се задржа само една сезона, пред да направи камбек во Рајн Некар Левен.
Имаше и една сезона во матичниот клуб, пред во 2022 да го засили ПСЖ, каде ја одработува втората сезона од договорот.