Трансфер бомба во Грција – Кун потпиша за АЕК Атина!

Грчкиот вицепрвак АЕК Атина објави дека е потпишан договор со бундеслигашката ѕвезда Јулијус Кун.

32-годишниот германски лев бек доаѓа од тимот на Битигхајм и со големо искуство од Бундес лигата.

Кун играше за Германија и освои злато на ЕП 2016 година, а потоа и бронза на ОИ 2016 година.

Ја почна кариерата во Алдекерк, играше за Диселдорф и Тусем Есен, па во Гумерсбах до 2017 година кога замина во Мелсунген.

Седум сезони играше за тимот на Парондо, а минатата сезона ја мина во Битигхајм. Во 11 бундеслигашки сезони, Кун има постигнато 1612 погодоци.

Иако АЕК Атина нема да биде активен на меѓународна сцена, сепак успеа да договори ракометар од калибарот на Кун.