Романскиот шампион Динамо Букурешт, кој вечерва ќе гостува во Битола, успеа да го добие потписот на Мигел Мартинс, пишува порталот ,,ГСП”.
Португалецот за време на Светското првенство 2025 беше суспендиран, откако имаше позитивен допинг тест.
Средниот бек побара Б примерок за анти-допинг, а Алборг во текот на викендот објави дека тој тест бил негативен и дека Мигел Мартинс ќе може да игра.
Мартинс три сезони го носеше дресот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, а до 2020/21 настапуваше во својата татковина.
Пред пет сезони беше поврзуван со трансфер во Вардар, но од сето тоа немаше ништо.
Неговото пристигнување во клубот од романската престолнина ќе биде на лето и во тимот на Давид Дејвис ќе остане до летото, 2027 годима.