Трансфер бомба во Брест – се врати во Ана Грос

Најдобрата словенечка ракометарка Ана Грос по краткиот престој во Крим, одново станува интернационалка.

Грос потпиша договор на две сезони со францускиот Брест Бретањ и се враќа на местото каде играше три години своевремено.

Иако се очекуваше да остане во Крим, сепак Грос се реши за нов меѓународен предизвик во кариерата на 34 години.

Таа потекнува од Велење, играше за Олимпија и Крим, една сезона во Ѓер, па една во Турингер, пред да замине во Франција каде остана седум сезони – четири во Мец и три во Брест.

Во 2021 година играше за ЦСКА Москва, до лани во Ѓер, а минатата сезона ја мина во Крим.