Словенечкиот чувар на мрежата Клемен Ферлин од наредната сезона би можел да брани голот на двократниот европски првак Вардар.
Според „RTHandball“, Ферлин е во преговори со Фуксе Берлин и Вардар, бидејќи на лето му истекува договорот со полскиот Келце, а тој нема да биде продолжен.
Иако се споменуваше низ некои медиуми и името на Никола Портнер, сепак се чини дека многу поверојатно е дека Ферлин би се преселил во Вардар.
Оваа сезона македонскиот вицепрвак има квартет голмани – Мигел Еспиња Фереира, Васил Гогов, Милош Валах и Марко Богдановски.
Ферлин пред да се пресели во Келце бранеше четири сезони во германскиот Ерланген, а во татковината беше дел од Тримо Требње, Горење Велење и Целје.

























