Трансфер бомба: Стефан Додиќ на чекор до најбогатиот клуб во светот!

Српскиот бисер Стефан Додиќ, кој кариерата ја градеше во Македонија низ Металург, Вардар и Охрид, а сега е дел од Војводина, е на прагот да го оствари најголемиот трансфер во неговата кариера.

Според „Моцарт Спорт“, организаторот на играта кој имаше одлични настапи на ЕП 2026 е на прагот на унгарскиот гигант Веспрем.

Чави Пасквал го има само Лука Циндриќ како класичен плејмејкер, бидејќи Елдера, Зеин и Хешам се пред се леви бекови, па доаѓањето на Додиќ ќе ја засили конкуренцијата.

Преговорите се во тек, па Додиќ уште зимава би можел да го реализира трансферот, а Војводина ќе добие одлична оштета што ќе биде добро решение ако се знае дека тимот од Нови Сад има финансиски проблеми.

Со заминувањето на Додиќ, Војводина ќе биде сериозно ослабена во борбата за домашните трофеи со Партизан, особено ако се знае дека клубот веќе остана без Жоао Педро да Силва кој дојде во Вардар, а од јуни си заминува и Вукашин Воркапиќ.