Tрансфер бомба покрај езерото – Охрид на шопинг во Бундес лигата!

Репрезентативецот на Словенија, средниот бек Тилен Стрмљан, од следната сезона ќе биде дел од амбициозниот тим на Охрид.

Словенецот во македонскиот суперлигаш ќе пристигне од Бундес лигата, таму од сезона 2023/24 настапува за Хановер, клуб кој важи за еден од најквалитетните во најсилната лига на светот.

Средниот бек токму во Хановер ја започна интернационалната кариера, претходно беше дел од словенечките екипи – Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар.

Со Целје една сезона учествуваше во Лигата на шампионите и импресионираше со одличните партии, постигна 53 погодоци во сезона 2022/23.

Пред извесен период српските медиуми, поточно Моцарт Спорт, најави дека од ова лето предводник на охриѓани ќе биде поранешниот селектор на Србија, Борис Ројевиќ.

Охриѓани посакуваат во следната сезона да бидат уште повеќе конкурентни за титулата, па така амбициозниот клуб уште од сега се вклучи на трансфер пазарот.