Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ по третпат ќе игра во Македонија, но сега тоа нема да биде во Скопје, туку во Охрид, пишува Балкан Хендбол.
По настапите за Вардар и Металург, десното крило ќе заигра за Охрид, кој има големи амбиции во наредните сезони. Ѓукиќ доаѓа од романскиот Динамо Букурешт, каде ја мина последната сезона и играше во Лигата на шампионите.
Потекнува од Железничар Ниш, играше за Металург, Бешикташ, Келце, Мешков Брест и Спортинг, пред да дојде во Вардар.
На десната крилна позиција во Охрид играат Словенецот Гал Цирар и Наум Костов, па сега уште повеќе ќе биде зголемена конкуренцијата.
Новиот стратег Борис Ројевиќ ќе ги има на располагање Тилен Стрмљан, Анте Иванковиќ, Бојан Блажески, Стефан Петриќ, Предраг Вејин, Давид Саврески, Николас Лиапис, Ориол Реј Моралес, како и Никола Шипинкоски, кој се врати од позајмицата во Прилеп, но и младиот Илија Трајчески, кој ќе биде приклучен кон првиот тим.