Данскиот репрезентативец Ласе Андерсон од следното лето ќе се врати во татковината и ќе го засили амбициозниот ХОЈ, пишува ТВ2.
Искусниот 31-годишен бек доаѓа од германскиот шамион Фуксе Берлин и ќе биде ново големо засилување за новиот суперлигаш.
Иако Андерсон имаше усен договор со унгарскиот гигант Веспрем, сепак финалните детали не беа договорени и тој ќе се врати дома.
Андерсон ќе се приклучи на ростер кој веќе ги има звучните имиња Ханс Линдберг, Михаел Дамгард и Хампус Ване, а од следното лето таму ќе биде и голманот Јаник Грин од ПСЖ.
Со вакви засилувања, ХОЈ уште еднаш ја потврдува амбицијата да биде нова голема сила во данскиот и европскиот ракомет.