По Анте Иванковиќ, уште еден хрватски репрезентативец ќе пристигне на лето во амбициозниот Охрид.
Станува збор за чуварор на мрежата, Дино Славиќ, кој ќе игра на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Од охридскиот клуб потврдија дека преговорите со хрватскиот репрезентативец се во тек и дека се очекува да завршат успешно.
Тој во моментов е член на францускиот Лимож, а претходно бранеше за Адемар Леон, Загреб, Ријека…
Славиќ имаше одлична партија на пријателскиот натпревар против Македонија, собра 15 одбрани и си го обезбеди местото во тимот за ЕП покрај Мандиќ и Кузмановиќ.
Во Охрид во моментов брани и поранешниот хрватски и австриски репрезентативец Кристијан Пилиповиќ.

























