Исландскиот репрезентативец Арон Палмарсон, по седум години би можел да се врати во унгарскиот гигант Веспрем.
Според пишувањата на „Handball Planet“, Палмарсон треба да го засили ростерот на Чави Пасквал и да потпише договор до крајот на сезоната.
34-годишниот Исланѓанец беше дел од Веспрем од 2015 до 2017 година, кога на неславен начин замина во Барселона.
По настапите за Барселона и за данскиот Алборг, минатата сезона се врати во татковината и настапуваше за Хафнарфјордур со кој стана шампион на Исланд.
Во прилог на овој трансфер оди и повредата на Јахја Ел Дера, па Палмарсон би можел да заигра одново за Веспрем по седум сезони.