Трампа меѓу Рајн Некар и Веспрем: Апелгрен во Унгарија, Јенсен во Германија

Унгарскиот гигант Веспрем и германскиот Рајн Некар Левен ги разменија своите чувари на мрежата пред стартот на новата сезона.

Шведскиот голман Михаел Апелгрен по десет сезони во Бундес лигата се сели во Веспрем, а таму ќе го замени Мајк Јенсен.

Германецот, кој не ја добиваше очекуваната минутажа во унгарскиот првак, се враќа во татковината и ќе го брани голот на „лавовите“.

Наскоро се очекува официјализација на уште еден трансфер во насока кон Веспрем од Манхајм – десниот бек Иван Мартиновиќ.

Веспрем веќе ослободи место за Мартиновиќ, откако го раскина договорот со Швеѓанецот Лукас Сандел.

За Сандел имаше интерес од ПИК Сегед, но и тој би можел да ги пополни редовите на Рајн Некар, па да има двојна трампа меѓу тимот од Манхајм и Веспрем.