Двата тима што ќе се соочат во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ќе се борат за место на Ф4, денеска објавија за нови засилувања.
Романскиот ЧСМ Букурешт и францускиот Мец направија трампа, односно ги разменија бековите Алина Гријселс и Лора Флип.
Гријселс ја игра првата сезона во Мец, која ќе и биде и последна, бидејќи не се снајде најдобро по трансферот во Франција. Средниот бек потпиша договор на две сезони со романскиот првак.
Флип исто така не се изнаигра во Романија, што поради повреди, што поради лоша форма, па камбекот во татковината дојде како логичен след на настаните.
Десниот бек, кој може да игра и на десната крилна позиција и се обврза на договор на три сезони со Мец, односно до 2027 година.