Марко Трајковски во преговори со Пролет

Тимот на Пролет, кој минатата сезона го освои првото место во суперлигашкиот плеј-оф, активно работи на формирањето на играчкиот состав за новите предизвици во претстојната сезона.

Најновото име кое е во преговори со Пролет е кружниот напаѓач Марко Трајковски, кој доаѓа од клубот што повеќе не постои – Борец ФЛ.

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во младинските категории, а има искуство од настапите низ повеќе суперлигаши, а во Пролет ќе биде замена за Стефан Атанасовски кој се пресели во Струга.

Трајковски има веќе настапувано за Пролет во младинските категории, а потоа играше за Бутел Скопје, Јуниор КВ, Тиквеш, Прилеп, две сезони мина во Голден Арт, додека минатата сезона беше на линијата од шест метри на велешки Борец ФЛ.