По „киксот“ во Прилеп, за тимот на Бутел немаше друга алтернатива освен да победат на дуелот со Куманово, за враќање на моралот, но и за останување во игра за плејофот. И така и направија бутелчани, го победија Куманово со 37-29 (17-12) и сега скопјани се на 6. место на табелата со 15 бода, еден помалку од Тиквеш, а еден повеќе од Прилеп и од Еурофарм Пелистер 2.
Уште во 9 минута Куманово мораше да бара тајмаут, бидејќи домашните веќе водеа со 7-3. Тоа донесе резултат, бидејќи Куманово намали на 7-6 во 12 минута. „Горе-доли“ незивесноста траеше до 22 минута. Тогаш гостите намалија на 13-11, а потоа Бутел со серија отидоа на 18-12.
Само што почна вториот дел Бутел зголеми на 24-15, ама потоа следеше мало опуштање кај домаќините и Куманово намали на 25-20. Сепак предноста што Бутел ја имаше не беше доведена во прашање.
Сепак Куманово не се предаваше, и негативата што ја имаа ја намалија на 25-28, имаа и шанса за гол, што не ја искористија, бидјеќи Благојче Трајкоски ја оствари својата 9. одбрана на мечот. Остануваа уште 12 минути од дуелот, кој влегуваше во неизвесност и можна драма. Она што Бутел го промашуваше – Куманово го реализираше, па Давид Димевски намали на 28-26 во 50 минута.
Резултатот брзо се менуваше, и сега Бутел имаше серија со која зголеми на 30-26 во 52 минута. Куманово не реализираше пенал, па и напад кој го имаа по одбиената топка од пенал. Затоа пак Димитар Узунчев зголеми на 31-26, а потоа уште еднаш во контра зголеми на 32-26. Кога Дамјан Субашевски во контра зголеми на 33-26 во 55 минута веќе се беше јасно, бодовите остануваат во Скопје.
Куманово мораше да бара тајмауат бидејќи Субашевски уште еднаш во контра погоди за водство 34-26. До крај беше само рутина.
Филип Николов беше двоцифрен, 12 гола од 19 обиди, а голманот Благојче Трајкоски имаше 12 одбранети топки од 39 упатени удари кон голот. Дамјан Субашевски даде 6 гола, а Дејан Михајловиќ постигна 5 гола. Кај гостите по 6 гола дадоа Александар Стојков и Тоше Ончев.
Во следното коло Бутел гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2, а Куманово го прелекува Пролет.

























