Трајчески е МВП и нај-стрелец, Јовановски е најдобар голман на Ф4

По завршувањето на финалниот натпревар од Ф4 во пионерска конкуренција, беа доделени индивидуалните награди.

Младите „гладијатори“ предводени од Наум Бабачев, покажаа дека охриѓани не треба да се грижат за својата ракометна иднина, бидејќи го имаат најкорисниот играч и најдобриот стрелец, но и најдобриот голман.

Левиот бек Илија Трајчески даде 19 голови на средбите со Еурофарм Пелистер 2 и заслужено беше прогласен за нај-стрелец и МВП.

За најдобар голман е избран Симон Јованоски од Охрид, а во идеалниот тим се уште и левото крило Илија Трајчевски од Еурофарм Пелистер 2, левиот бек Илија Трајчески од Охрид, средниот бек Јован Спироски од Охрид, десниот бек Никола Никчевиќ од Вардар, десното крило од Автокоманда – Марко Ѓоргиевски и пикерот од шампионот – Димитри Колески.

Пионерите на Охрид се шампиони на Македонија!