Ракометарите на Вардар Неготино во натпревар од 6. коло од плеј-аут фазата во Супер лигата беа поразени на гостувањето во Прилеп од истоимената екипа со 27:22.
Десното крило Филип Трајанов го коментираше поразот од Прилеп и најави враќање на победничките патеки на неговиот тим.
,,Во првото полувреме одигравме под наше ниво, се консолидиравме во вториот дел, се вративме на три разлика, но немавме сили до крај за да направиме целосен камбек. Прилеп заслужено победи во еден фер и коректен натпревар, честитки и до прилепската публика, која ја имаше во голем број. Во следното коло сме слободни, потоа играме со Куманово на домашен терен, ќе направиме сѐ за бодовите да останат во Неготино”, изјави Трајанов.
Вардар Неготино во следното коло е слободен, потоа го очекува соочувањето со Куманово на домашен терен.