Прв ривал на Македонија на Европското првенство ќе биде светскиот и олимписки првак Данска и тоа на нивни терен во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг.
Против Данска досега имаме одиграно осум официјални натпревари, од кои шест на големите натпреварувања, и две квалификациски средби.
Само една победа на осумте соочувањата, на првиот меч од квалификациите за ЕП 2022, на мечот кога Кирил Лазаров дебитираше како селектор во Скопје со 33-29.
Во игра за позитивен резултат против велесилата Данска, Македонија беше и на ЕП 2012, кога загуби само со гол разлика, а потоа и на СП 2013 кога негативата беше три гола.
Сите останати пет меча ги загубивме со поголема разлика од осум. Како ќе биде вечерва на теренот во Хернинг, ќе дознаеме околу 22:00 часот.
Meѓусебни натпревари: МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА
25.01.2009, Задар, Данска – Македонија, СП, 32-24
21.01.2012, Белград, Данска – Македонија, ЕП, 33-32
18.01.2013, Севиља, Данска – Македонија, СП, 33-30
12.01.2014, Хернинг, Данска – Македонија, ЕП, 29-21
24.01.2018, Вараждин, Македонија – Данска, ЕП, 20-31
11.03.2021, Скопје, Македонија – Данска, квалификации за ЕП, 33-29
14.03.2021, Алборг, Данска – Македонија, квалификации за ЕП, 37-21
17.01.2022, Дебрецин, Македонија – Данска, ЕП, 21-31
























