Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одлично деби во дресот на својот нов клуб Битигхајм во Втората Бундес лига.
На 28 години, Томовски веднаш се наметна како лидер на својот тим, носејќи ја најголемата заслуга за победата на гости против Елбфлоренц.
Македонецот беше вистински бедем на голот и натпреварот го заврши со дури 23 интервенции и фантастични 47% успешност.
Со вакво издание, Томовски не само што му донесе триумф на својот тим, туку заслужено се најде и во идеалниот тим на колото.
Ова деби најавува одлична сезона за македонскиот чувар на мрежата, кој со сигурност ќе биде еден од клучните играчи на Битигхајм.