Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски ги стартуваше тренинзите со неговиот нов тим, германскиот Битигхајм.
Тренерот Икер Ромеро ги собра ракометарите, а по десетина дена тренинзи, веќе на 24 јули ќе следува и прв натпревар против нисколигаш, а потоа на 27 јули новиот тим на Томовски ќе игра со Балинген.
По два меча со швајцарските Базел и Винтертур, Битигхајм ќе оди на турнеја во Шпанија пред официјалниот старт на сезоната.
Меѓу другите ривали, Томовски ќе игра против репрезентативниот колега и екс соиграч од Вардар, Мартин Карапалевски, на тестот меѓу Битигхајм и Ваљадолид.
Официјалниот старт на сезоната ќе биде со Куп натпреварите во Германија, а на почетокот на септември и првиот официјален меч од Втората Бундес лигата.